Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ и годинава, по повод големиот православен празник Велигден и муслимански празник Рамазан Бајрам, организира хуманитарна акција, во која ќе поделат повеќе од 200 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства.
Акцијата е во соработка со општествено одговорни компании и граѓани од општина Валандово.
Минатата година во истата акција активистите од „Спас за Валандово“ поделија околу 350 хуманитарни пакети.
Според планот, како што известија од иницијативата, до петок ќе бидат поделени 50 пакети, а останатите 150 етапно, до Велигден.