Со асфалтирање на две улици во Пирава и Балинци, започна реализацијата на Годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Валандово.
Во програмата, предвидено е изградба на четири улици во населените места на општината, асфалтирање на девет градски сокаци, како и санација на оштетените делови од улиците.
За реализација на Годишната програма за изградба на споредни улици во Валандово планирани се 3 милиони денари, а ќе бидат опфатени следниве улици и сокаци:
- Крак на улица „Вардарска“ (Кон ООУ „Јосип Броз Тито“) – Должина 90 метри и ширина 4 метри.
- Крак на улица „Лазар Колишевски“ – Должина 31 метар, ширина 3,5 метри и банкина 1 метар.
- Крак на улица „Лазар Колишевски“ – Должина 97 метри, ширина 3,5 метри и банкина 1 метар.
- Крак на улица „Лазар Колишевски“ – Должина 100 метри и ширина 2,5 метри.
- Крак на улица „Лазар Колишевски“ – Должина 75 метри, ширина 3,5 метри и банкина 1 метар.
- Крак на улица „Илинденска“ – Должина 60 метри, ширина 3,5 метри и банкина 1 метар.
- Крак на улица „Ленинова“ – Должина 55 метри со променлива ширина.
- Крак на улица „Орце Николов“ – Должина 155 метри, ширина 3,0 метри и банкина 1 метар.
- Крак на улица „Ленинова“ – Должина 60 метри и ширина од 4 метри.
Покрај асфалтирање, ќе бидат санирани и ударните дупки во Валандово со површина од околу 100 метри квадратни.




