Податоците добиени од последната анализа на водата од валандовскиот водовод потврдуваат дека истата, согласно прописите за безбедност, одговара за пиење.
Испитувањето е направено од страна на Институтот за јавно здравје од Скопје на примерок од вода земен на 18-ти април, годинава.
Од параметрите кои се најголем интерес на граѓаните може да се издвои нивото на арсен во водата кое е 8.65 µg/l од дозволената максимална количина од 10 µg/l, а во водата не е пронајден хром.
Во целост анализата можете да ја погледнете подолу.
TESTIRANJE NA VODA VALANDOVO 2503