Работна конференција на Локалниот Совет за превенција во општина Валандово

На денешната работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Валандово, се разговараше за најчувствителните локални проблеми во оваа општина. Нив ги посочи градоначалникот Перо Костадинов, кој истакна дека семејното насилство и малолетничката деликвенција бараат поголемо внимание и работа и дека, според него, токму непостоењето на соодветни методи за решавање на овие проблеми придонесува за нивен неуспех.

На средбата присуствуваа и началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски, Началничката на Отсек за превенција – Хризантема Рендевска, како и претставници од противпожарната служба и полицијата од Валандово. Тие заеднички дискутираа за гореспоменатите проблеми и нивна превенција и решавање, како и на кој начин може да се подобри приодот кон овие проблеми. Пројковски додаде дека, според кривичните дела Валандово како подрачје е можеби најмирното и најбезбедното во Македонија.

Исто така, на конференцијата се дискутираше и за превенција од пожари, кои особено во летниот период се голем проблем во оваа општина.

Инаку Локалниот совет за превенција е основан во 2008-та година, со цел подобрување на локалната безбедност. Овој Совет работи на создавање безбедна средина за живеење и решава клучни прашања како: координација на локалните инволвирани лица, решавање на идентификуваните локални проблеми, заеднички акциони планови помеѓу партнерите, решавање на проблеми со дрога, насилство, криминал и уште многу други.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.