Во недела (16-ти септември 2018-та) во Валандово за првпат ќе се одржи „Штафета на еднаквоста“. На штафетата ќе учествуваат деца и лица со попреченост, како и ученици од основните и општинските училишта.
Целта на оваа штафета е да покаже дека и децата со попреченост можат и умеат како нивните врсници и да испратат порака на широкоградост, еднаквост и љубов во заедницата.
Зборното место на Штафетата е Божичката чешма, со почеток од 18 часот.
Оваа е трета по ред штафета а претходно „Штафета на еднаквоста“ се одржа во Струмица и Радовиш на кои учествуваа и многу познати лица од земјава.