При денешната посета на Валандово, министерот за финансии – Драган Тевдовски присуствуваше и на панел-дискусија, која се одржа во просториите на Домот на култура „25-ти мај“. На неа учествуваа и градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов, како и претставници на бизнис секторот од општината и раководители на локалните и подрачните институции.
Целта на панел-дискусијата беше да се констатираат проблемите и предизвиците на валандовскиот бизнис, но и да се мапираат потенцијалите за развој на локалните бизниси. Беше констатирано дека поддршката од страна на државата, преку зголемување на ажурноста на институциите и на зголемувањето на државните финансиски фондови, како и поголемото искористување на европските фондови, наменети за бизнисот, е неопходна за опстојување на локалниот бизнис.