Во Валандово се одржа презентација за надминување на пречките за зголемена вработеност на жените

Денес во просториите на Домот на културата „25-ти мај“ се одржа презентација за спроведување на Националниот план за акција за родова еднаквост 2018-2020-та година. Согласно Националниот план, Агенцијата за вработување на Република Македонија изработи Оперативен план во кои се дефинирани целите и активностите кои ќе бидат реализирани, институциите со кои АВРМ ќе соработува, со цел нивно успешно имплементирање.

Во Оперативниот план се опфатени активностите кои се однесуваат на специфичната стратешка цел „Подобрување на политиките и мерките со цел надминување на пречките за зголемена вработеност на жените“. Целта на оваа стратегија е на невработените жени кои се активни баратели на работа во АВРМ, да им се овозможи подобра информираност, организирање и спроведување на средби за промоција на мерките за самовработување и спроведување на мотивациски обуки, со намера да се зголеми бројот на вработени жени.

Оваа стратешка цел се спроведува на ниво на цела Македонија, бидејќи вработливоста на жените е помала во однос на мажите, на државно ниво. Подетални информации нуди Бирото за вработување во Валандово.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.