Павлов: Викенд временска прогноза во пресрет на манифестацијата „Валандовска Ракијада“

Во сабота претпладне нѐ очекува променливо време, но сепак сѐ уште ке бидеме под влијание на обој топлотен бран а набрзо ќе има промена во временската состојба со можност за сосема слаб дожд, додека пак во текот на поголемиот дел од денот не се очекуваат врнежи.

Во недела претпладне времето ќе биде стабилно, без врнежи од дожд а во текот на денот облачноста ке се зголеми со слаби повремени врнежи од дожд, особено во вечерните и ноќните часови.

Температурите ќе останат непроменети. Во сабота тие ќе достигнат до 25/26 степени, додека во Недела до 21 степен. И во сабота и во недела се очекува умерен северозападен ветер. Ова е сепак првична прогноза, подетално во следните метео пронози.

Прогнозата ја подготви: Костадин Павлов – метеоролог

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.