Во училишната сала во Богданци одиграни меѓуопштинските натпревари во кошарка, во машка и женска категорија, помеѓу средните училишта од Богданци и Валандово, во рамки на меѓуопштинската, натпреварувачка целина.
Постигнати беа следниве резултати:
Женски:
СОУ „Богданци“ – Богданци – СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово 24:10
Машки:
СОУ „Богданци“ – Богданци – СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово 26:19
Победниците ги продолжуваат натпреварите на зонски турнири со најдоброто средно училиште од Велес и Гевгелија.