Во просториите на ДЗС ПО Валандово, беше одржан работен состанок на сите задолжени субјекти во општина Валандово за преземање на превентивни и оперативни мерки за заштита од поплави, поголеми снежни врнежи и други природни непогоди.
Целта на состанокот беше утврдување на критичните места во општината подлежни на поплави и штети, анализа на изготвените акти, како и преземање на превентивни мерки за спречување на посериозни последици од евентуални непогоди.