И натаму трае акцијата за собирање парични средства за возобновување на семејната куќа на Тодорови од Валандово, која целосно изгоре во пожарот што беше избувнал на 2.12.2018-та година.
Сите хумани жители на општина Валандово можат да донираат средства за помош на жиро сметка 210501612156830 (НЛБ Тутунска Банка) – Звонко Тодоров.
Освен парични средства, заинтересираните граѓани и правни субјекти можат да донираат и други материјални средства, кои би им биле потребни за обновување на нивниот дом.
Волонтери на „Црвен Крст“ – Валандово, ученици и наставници ги посетуваат и сите домови во Валандово, за сите оние кои сакаат да помогнат.