Синоќа во кино салата при Домот на култура „25 Мај“ – Валандово беше одржан мултимедијалниот перформанс „Волшебен свет” под менторство на Рисима Рисимкин, Тони Китановски и Лидија Ѓеорѓиева.
Перформансот „Волшебен свет” е производ на имагинациите и креативноста на млади уметници во продукција која води низ волшебен и чудесен свет исполнет со танц, музика и визуелни доживувања.
Настанот е дел од програмата „Инкубатор – денови на младинска културна сцена“, од проектот Млади европејци и е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Р.М., Министерство за култура на Р.Македонија, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Општина Валандово.