Утре (среда) времето ќе биде променливо онлачно со сончеви периоди, a поради продор на студена маса и студен воздушен продор од Сибир, температурите драстично ќе опаднат со што масималните дневни температури ќе се движат до +7° степени. Ќе дува и ветар од променлив правец. Во вечерните и ноќните часови температурите ќе опаднат и тие би се движеле 0° до -1°степени. Поради намалувањето на температурите ќе имаме врнежи од снег.
Во четврток времето ќе биде облачно и студено. Ќе имаме повремени врнежи од снег, со минимална температура од -2°степени, а максималната од 0°до +1°степени.
Во петок времето ќе биде облачно и ветровито но не се исклучува можноста за слаби врнежи од снег. Минималната температура ќе биде -2° степени, додека дневната 0°степени.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и студено. Во сабота минималната температура ќе биде -5° степени, дневната температура +1° степен. Во недела, минималната температура ќе биде -6° степени, максималната температура +4° степени.
Прогнозата е креирана според анализите за Валандово кои ги изработи Костадин Павлов од mkmeteo.mk.