Во тек е изградбата на новото училиште во с. Казандол и обезбедување на современи и безбедни услови за изведување на наставата на учениците од ова населено место во општина Валандово.
Изградбата на новата училишна зграда се реализира како резултат на соработката меѓу општина Валандово и турската владина Агенција за соработка и координација „ТИКА“, кои претходно претставувани од програмскиот координатор на „ТИКА“ во Р.Македонија – Ајтекин Ајден и градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов, потпишаа договор за соработка, со кој од двете договорни страни беа преземени обврски, со цел изградба на нова училишна зграда на подрачното основно училиште „Цветан Димов“ – Казандол.