ЛК СДММ Валандово одржа младинска трибина и средба со општински и државни функционери

ЛК СДММ Валандово одржа младинска трибина на која беше остварена и средба со општински и државни функционери.

Свое излагање имаа градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, пратеничката и претседател на ОО СДСМ Валандово, Мери Лазарова, и секретарот на социјалдемократската младина на Македонија, Виктор Велевски.

На трибината беше разговарано за придобивките и проблемите со кои се соочуваат младите и можните решенија за истите.

Покрај членовите на ЛК СДММ од Валандово присуствуваа и гости од СДММ како и членови од ЛК СДММ Радовиш и Гевгелија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.