Со грант од Јапонската амбасада „Комунален сервис“ од Валандово ќе се опреми со нов ровокопач

Денес, Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов и Директорот на ЈП „Комунален сервис” Валандово, Владимир Павлов, присуствуваа на настан, на кој директорот на ЈП „Комунален сервис” Валандово потпиша договор со Н.Е. Амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, за реализирање на грант од програмата на мали проекти за човекова безбедност, финансиран од Амбасадата на Јапонија.

Со грантот од Јапонската амбасада, во висина од 59.365 евра, ЈП “Комунален сервис” ќе добие нов ровокопач, со што значително би се зголемила неговата ефективност и би се обезбедило навремено реализирање на потребите на граѓаните во општина Валандово од комуналната сфера.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.