На уникатен начин, учениците од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, денеска го одбележаа Меѓународниот ден на мајчините јазици, воспоставен од УНЕСКО.
Во холот на училиштето поставен е правопис на македонскиот јазик во А3 формат, кој има за цел да им служи на учениците во секое време.
Истовремено, учениците изработија и информативно пано и делеа мали ливченца со правописни правилни и неправилни примери.
Според професорката по македонски јазик и литература Елизабета Чилевска-Пандева, во светот постојат околу 7.000 јазици, а дури на 50% од нив им се заканува исчезнување.



