Анета Каракамчева од Валандово со својот тим го освои второто место на Иновативниот камп во Делчево

Ученичката од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово – Анета Каракамчева, со својот тим го освои второто место на Иновативниот камп – натпревар за средношколци во претприемачки вештини, кој на 27.03.2019-та се одржа во Делчево, во организација на Џуниор Ачивмент – Македонија.

Каракамчева беше во тимот број 13 заедно со ученици од средните училишта од: Струмица, Гевгелија, Битола и Виница, чиј бизнис ментор беше Рахела Евтимова од Универзитетот „Американ Колеџ“.

На иновативниот камп учествуваа 100 ученици од 21 средно училиште од земјава, поделени во 20 тима од по 5 ученици, чија задача беше, според даден концепт, да развијат бизнис идеја.

СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово со уште неколку ученички учествуваше на овој натпревар.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.