Денес на настанот на кој присуствување и премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, беше отпочната и втората фаза од проектот за наводнување на валандовско поле наречен „Јужно-вардарска долина“.
Средствата во висина од 24,3 милиони евра за финансирање на проектот се обезбедени со кредит и грант од германската развојна банка KfW, со што претставува најголема капитална инвестиција во регионот.
Проектот со кој се воведува модерен систем за водоснабдување во земјоделството во валандовско ќе опфаќа површина од 2000 хектари земјоделско земјиште.
Овој проект се состои од главна и секундарна мрежа во вкупна должина од 85 километри, односно замена на главниот отворен канал во затворен гравитациски канал на пумпната станица Удово и пумпната станицата Страиште во должина од околу 9 километри и дополнителна секундарна терцијална и дистрибутивна мрежа.