Мите Занов, познатиот македонски моден дизајнер со потекло од Валандово зборуваше за лајф-стајл порталот „Гламур“ за своите почетоци во модата и текот на неговата успешна кариера како моден дизајнер.
„Откако знам за себе, модата за мене претставувала феномен којшто секогаш ме восхитувал, ме мотивирал да мечтаам, ме маѓепсувал. Растев гледајќи ги колекциите и ревиите на Александар Меквин и Џон Галијано и со сјај во очите, целата таа драма, фантазија, магија, во мене создаваше уште поголема желба, дека тоа е тоа што ме восхитува и дека тоа е професијата, со која сакам да се занимавам, иако морам да признаам дека таа самата ме одбра мене.“ рече Занов за Гламур, прашан за тоа кои се неговите први допири со модата.
Интевјуто во целост можете да го прочитате на следниот линк.
Прочитајте го и нашето интервју кое го направивме со Мите Занов во 2018-та.