Градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов денес организираше прием за учесниците на традиционалната ликовна колонија „Валандово 2019“, која годинава се организира по дваесет и четврти пат во Валандово.
Колонијата е од меѓународен карактер и на неа учествуваат ликовни уметници од: Бугарија, Турција, Шведска, Албанија, Србија, Косово, како и уметници од нашата држава.
Ликовната колонија ќе трае до 29.06.2019 година (сабота) и на неа учесниците творат во техника акрил на платно. Низ годините, на ликовните колонии се создале стотици уметнички дела со непроценлива вредност, кои денес се во сопственост на Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово.
Оваа манифестација е од огромна важност за нашата општина и значи дополнителна вредност за истата.