Здравен дом Валандово ќе добие нов ехо апарат, уред за физикална терапија, ново возило за теренска посета и друго во рамки на прекуграничната соработка со Грција

ЈЗУ Здравствен Дом Валандово започнува со имплементација на проектот “Заеднички активности за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничниот регион ( Ipa SHIELD II)” во рамки на програмата за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија.

Буџетот предвиден за ЈЗУ Здравствен Дом Валандово е во вкупен износ 5.250.000 денари. Со овие средства треба да се реализираат повеќе набавки:

  • 5.Уреди за мешање струи со вакумска електрода (за физикална медицина)
  • Набавка на опрема за нова котелска постројка, односно пренамена на парно греење од нафта на пелети.
  • Набавка на возило за посета во рурални подрачја.
  • Набавка на нов Биохемиски анализатор и хематолошки бројач (за лабораториско дијагностичката дејност.)
  • Нов ултразвучен уред (ЕХО апарат)
  • Уред за електрична стимулација (за физикална медицина)
  • Sonoterapy ласерска машина (за физикална медицина) и друга
    медицинска опрема.

??????

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.