Во Јосифово се организираше веќе традиционалната акција „Ден без автомобили“.
Во акцијата учениците со своите велосипеди ја поминаа патеката од училиштето преку Горна Маала до Удово и назад.
Оваа година на учениците им се придружија и најмалите од градинката во Јосифово.
Од училиштето посебна благодарност упатија до Градоначалникот на општината г-н Перо Костадинов кој и годинава со своето учество ја поддржа акцијата како и до полициската станица Валандово и Здравен дом „Здравје“ кои се погрижија се да помине во најдобар ред.