Втора изведбена фаза од канализацискиот систем во Бојмискиот реон

Продолжуваат градежните активности на втората изведбена фаза од канализацискиот систем во Бојмискиот реон. Се работи на секундарната мрежа на системот со што целосно се завршува проектот кој обезбедува канализација за три населени места во општината.

Реализацијата на проектот е според претходно утврдениот динамички план на работа и истата се извршува според претходно утврдените услови за квалитет. Новиот канализациски систем за фекални отпадни води во Бојмискиот реон е во целост финансиран од Буџетот на Општина Валандово, известуват од Општина Валандово.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.