Се одржа завршната конференција од проектот „Свеста за своето Валандово“

Во Домот на култура „25ти Мај”- Валандово, се одржа завршната конференција од проектот „Свеста за своето Валандово“ кој се реализира од Институтот за европски, образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ, Скопје. Проектот е поддржан од Министерството за култура и од општина Валандово.

Во рамки на проектот, во изминатиот период беа реализирани повеќе настани кои имаа за цел запознавање со културното наследство на Валандово, негова промоција и подигнување на свеста кај локалното население за културата, културното наследство и традицијата коишто ги има на територијата на општина Валандово.

Се одржаа стручни предавања, се организираа интерактивни модули во форма на трибини за ученици и професори, се организираше посета на професорите и учениците од Валандово на археолошкиот музеј во Скопје како и теренски посети на археолошките локалитети. Во завршната фаза од проектот, се изработи и промотивен материјал од фотографии, флаери и видео материјали, во кој се опфатени културните вредности од валандовскиот регион, со цел поефективна промоција и афирмација на истите.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.