Агенцијата за супервизија на осигурувањето објави Кокурс за ученици во основните и средните училишта во државата по повод Светскиот ден на штедењето – 31. Октомври и Денот на осигурувањето 1. Ноември.
На Конкурсот за ученици од основното образование на тема „Осигурувањето и јас“ пристигнати биле вкупно 74 ученички трудови, од кои 39 литературни творби – песни и 35 ликовни творби – цртежи.
Ученикот во 9-то одделение при ООУ „Јосип Броз Тито” од Валандово, Јордан Стојановски, доби пофалница, во категоријата „Литературни творби – Песна”.
Јавното доделување на наградите се одржa викендов, во просториите на Министерството за финансии.