Утрово во 07.26 часот почувствуван е земјотрес кој припаѓа на струмичкото епицентрално подрачје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот се наоѓа на 120 километри југоисточно од Скопје.
Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда од 2,6 степени, а го почувствувале граѓаните на Струмица, Валандово и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.