По речиси цел месец поминат во билница, денес Министерот за здравство Филипче јави дека пациентот од општина Валандово кој на 22-ри април беше примен во Битолската болница на болничко лекување поради инфекција со новиот коронавирус е негативен на истиот.
Пациентот симптомите и дијагнозата ги доби додека беше сместен во државен карантин.
Според статистиката денес се регистрирани 50 оздравени лица, а 22 се новозаразени. По пресекот од изминатите 24 часа, на територијата на Република Северна Македонија активни се 382 случаи со „ковид-19“.