Во чест на меѓународниот Ден на пожарникарството – 20. Мај, Градоначалникот Костадинов денес ја посети противпожарната единица во Валандово.
Костадинов, согласно Законот за пожарникарство и согласно Правилникот за формата и содржината на образецот на легитимацијата на професионалните пожарникари од Територијалните противпожарни единици на припадниците на ТППЕ Валандово им ги врачи службените легитимации.
Покрај врачените легитимации, Градоначалникот им се заблагодари на пожарникарите за нивната пожртвуваност и улога во заштитата на населението во општина Валандово.