Нов случај на Ковид-19 во општина Валандово

Валандово / 14:40

Денес, министерот за здравство Венко Филипче го потврди новиот случај на коронавирус во општина Валандово.

Ова е втор случај на Ковид-19 во општината во која во моментов има само еден активен случај, откако првиот пациент беше испишан од болничко лекување како оздравен.

Во моментов екипи на Центарот за јавно здравје се на терен по што ќе се знае и официјалната бројка на ризични контакти кои ќе бидат ставени во самоизолација.

Градоначалникот Костадинов повика граѓаните безусловно да се придржуваат кон мерките за заштита и потенцираше дека борбата со заразата е заедничка.

Претходното деноноќие во Македонија, по направени повеќе од 700 тестирања, регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, од кои најголем дел во Скопје, Штип и Тетово.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password