Според извештајот на Министерството за здравство и денес, како и изминатите два дена на територијата на општина Валандово се регистрирани новозаболени од „Ковид-19”.
Во моментов на територијата на општината активни се 4 случаи на заразени со новиот коронавирус.
Во последните 24 часа направени се 1542 тестирања од кои 142 се позитивни. Во црната статистика денес се впишани пет починати лица, а Центарпт за јавно здравје бележи и 98 оздравени.