Од извештајот кој го објави Министерството за здравство на територијата на општина Валандово денес се регистрирани двајца нови заболени од Ковид-19.
Според статистиката денес еден пациент од општината е оздравен, а активни се четири случаи на новиот коронавирус.
Во текот на последните 24 часа направени се 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во Македонија.