Поради состојбата со пандемијата од Covid-19, се откажува овогодинешната “Валандовска ракијада”, која традиционално се организира во општина Валандово.
„Валандовската ракијада е исклучително важен настан за општина Валандово. Преку истиот, се промовираат дел од културолошките посебности на валандовчани и се истакнуваат автентичните вредности пренесувани со генерации наназад. Се надеваме на подобри времиња и продолжување на традицијата, од наредната година.” се вели во соопштението од Општина Валандово.