Младиот валандовски тиктокер со најмногу следбеници на платформата од Македонија, Александар Динев, е дел од проект на Институтот за демократија „Социетас Цивилис” и Државната комисија за спречување на корупција, финансиран од Холандиската амбасада.
Целта на проектот е подигнување на свеста кај младите за корупцијата, зајакнување на нивното знаење за корупција, форми на корупција и алатки за борба против корупцијата, како и зајакнување на нивното знаење за важноста на градење личен интегритет.
Александар во краток видео клип ги запозна илијадниците следбеници со ефектите кои ги има корупцијата врз нашето секојдневие со цел едукација на младите уште од најрана возраст.