Покрај забен техничар средното во Валандово сега предлага воведување и на струка – техничар за компјутерско управување

На седницата на Советот на општина Валандово која што ќе се одржи во понеделник, пред советниците е Предлог-Планот за воведување на две нови паралелки стручно образование во нашето средно општинско училиште и тоа дентален асистент и техничар за компјутерско управување.

За таа цел, согласно насоките на министерството за образование и наука, СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово во соработка со Општина Валандово направи истражување помеѓу учениците, родителите и компаниите од регионот, каде што побарувачката за овие два профила беше најбарана.

Предлог-Планот предвидува да останат две гимназиски паралелки и една земјоделска комбинирана паралелка, а исто така да се отворат две нови струки.

Со воведувањето на новите два профила се отвара можност на учениците за вработување како дентални асистенти во сите стоматолошки ординации од регионот, како и компјутерски техничари кои моментално се најбарани на пазарот на трудот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.