На шестата редовна седница на Советот на општина Валандово, која се одржа на 26.02.2018 година, беа донесени одлуки за финансиска поддршка на четири спортски клубови од општината.
-На ФК „ПОБЕДА“ Валандово се доделуваат двеста илјади денари.
-На ФК „МЛАДОСТ“ Удово се доделуваат шеесет илјади денари.
-На ФК „ПАРТИЗАН“ Башибос се доделуваат шеесет илјади денари.
-На „Училишниот спортски клуб“ Валандово, триесет и две илјади денари.
Општина Валандово и во наредниот период ќе продолжи да го поттикнува и помага спортот во општината и ќе овозможи подобри услови за негово развивање и помасовно практикување. Ќе се поттикнуваат амбициите за учество во спортските фер игри и ќе се развива натпреварувачкиот дух. Целта е преку влог во градење на здрави индивидуи да се создадат здрави генерации и здраво општество.