На 21-ви март, среда, во општина Валандово ќе биде спроведена голема еко-акција за чистење на градот и населените места од смет.
Во акцијата учество ќе земат учениците од општинските училишта како и општинската администрација.
Општина Валандово ги повика и граѓаните да земат масовно учество во акцијата.
Граѓани кои се заинтересирани за вклучување во акцијата ќе можат на 21-март во 8.00 часот наутро, да појдат на некој од собирните пунктови, каде ќе добијат подетални инструкции за вклучување во акцијата.
Собирни пунктови:
- Валандово (Школско игралиште при ООУ „Јосип Броз Тито“)
- Пирава (Училиште)
- Јосифово (Училиште)
- Удово (Училиште)
- Балинци (Училиште)
- Брајковци (Училиште)
- Марвинци (Училиште)
- Собри (Училиште)
- Грчиште (Училиште)
- Чалакли (Училиште)
- Дедели (Училиште)
- Калково (Училиште)
- Башибос (Училиште)
- Казандол (Училиште)
Жителите од Раброво ќе можат да им се приклучат на валандовските групи и заеднички да ги исчистат двете населени места.