Денес е последен рок за поднесување на годишна даночна пријава.
Како што соопшти УЈП, сите подрачни дирекции денес ќе работат со продолжено работно време. Даночниот шалтер во Валандово, даночни пријави ќе прима до 18.00 часот.
За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, законот предвидува глоба од 100 до 200 евра во денарска противвредност.
Заклучно со вчера, на ниво на цела Македонија се поднесени 393.145 годишни даночни пријави од кои 1.934 по електронски пат.