На седницата на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, покрај одлуката за учество на Повикот за пристап до Грантовата шема за проектот за „Орджлив и инклузивен рамномерен регионален развој” беше донесена и одлука за зголемување на бројот на аеро-прскања против комарци.
Годинава покрај стандардното третирање против возрасни комарци ќе се спроведе и запрашување против ларви.
Ваквиот метод докажано враќа многу подобри резултати во борбата против овие инсекти, кои се и пренесувачи на голем број заразни болести.