Детската градинка во Брајковци ќе биде готова до септември, годинава

Градоначалникот Перо Костадинов и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вчера, на прес-конференција изјавија дека се обезбедени 10 милиони денари, за отпочнување со изградба на детската градинка во населеното место Брајковци.

Градинката во Брајковци ќе им биде ставена во функција на трите населени места од Бојмискиот регион: Брајковци, Балинци и Марвинци.

Како што изјави Министерката, изградбата на градинката ќе почне деновиве, за да може до септември да биде подготвена за згружување на првата група дечиња.

 

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.