Прскање против комарци во првата половина на јуни

Општините од Југоисточниот плански регион, на регионалната седница, одлучија и годинава да се извршат две прскања од комарци, но да се воведе и прскање против ларви од комарци како дополнителна заштита од наезда на овие инсекти.

Огласот за избор на изведувач на авио-прскањето е во тек и се очекува да заврши на 25-ти мај, со што, првото прскање против комарци во општините од ЈИ плански регион, вклучувајќи ја и општина Валандово ќе се извршат во првата половина на јуни.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.