Отворен „Хид Бах Шен Фест“ во Чалакли. Присуствуваше и Премиерот Зоран Заев.

Денес беше отворен „Хид Бах Шен Фест“ или „Фестивалот на пролетни веселби“ во Чалакли.

На фестивалот учествуваат културно-уметнички друштва од Македонија и Балканот, претставувајќи ги своите културолошки и традиционални посебности.

Како гости на фестивалот присуствуваа Премиерот Зоран Заев и Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и останати видни гости.

Фестивалот годинава се одржува по 27-ми пат, а го симболизира мултикултурализмот и спојот на различното.

Фото: Општина Валандово


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password