Наградна игра за намалување на е-отпадот во општина Валандово

„Елколект“ ја стартуваше наградната игра „Ја сакам мојата општина“, со која ќе се стимулира собирањето на е-отпадот од општина Валандово.

Наградната игра започна на 01.05.2018 и ќе трае до 28.06.2018-та година.

За да учествувате во наградната игра потребно е да го оставите вашиот е-отпад, т.е. отпад од електрична или електронска опрема која создавачот или поседувачот ја отфрла или има намера да ја отфрли, вклучувајќи ги сите составни делови, потсклопови и потрошни материјали и делови кои се дел од опремата во моментот на исфрлање.

[НДП] Пунктот на „Елколект“ се наоѓа во непосредна близина на ООУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово, од каде може да се подигне и купонот за учество во наградната игра.

Со самото депонирање на отпадот станувате потенцијален добитник на една од наградите, како што се големи и мали домашни апарати, опрема од информатичката технологија и опрема за широка потрошувачка.

Извлекувањето на добитниците ќе биде на 29-ти јуни, 2018-та година во просториите на Општина Валандово, на ул. „Иво Лола Рибар“, бр.3, со почеток 12.30 часот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.