Одржана прес-конференција за овогодинешното издание на „Фолк Фест“ Валандово

Денес 9-ти Мај 2018година во Клубот на пратеници во Скопје, се одржа конференцијата за медиуми на која беа соопштени деталите за овогодинешното издание на „Фолк Фест“ Валандово.

На прес-конференцијата зборуваа Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, Советничката за култура на Премиерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова, Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов и Претседателот на Програмскиот Совет на Фестивалот, проф. Живоин Глишиќ.

Годинава на Фолк Фест Валандово, ќе настапат бројни артисти од Македонија и регионот. Меѓу нив и Мерима Његомир, Дамјан Стојановски, Благица Калева…

На фестивалот, додека трае гласањето, ќе настапи популарната пејачка на народна музика, Ханка Палдум, со сопствен мини концерт.

Гласањето за победниците ќе биде 60% од стручното жири и 40% од публиката во салата.

Првата награда годинава е доста намалена и изнесува 1500 евра, втората 1000, додека композицијата на трето место ќе добие 750 евра.

https://www.facebook.com/valandovo2460/videos/1224963167606062/?t=3

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.