ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Валандово: До префарбаните пешачки премини пропаѓаат автомобили во шахтите

ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Валандово на својот Фејсбук профил објавија фотографии од автомобил заглавен во решетката од шахтата, на раскрсницата на булеварот „Првомајска”

Од партијата прашуваат како досега, по неколку месеци, никој од ЈКП „Комунален сервис“ не ја забележал отворената дупка.

Реакцијата следува на само неколку часа од обележувањето на хоризонталната патна сигнализација во Валандово, меѓу кои и пешачкиот премин до спорната оштетена решетка.

Надополнето: Наша екипа излезе на терен да ја провери состојбата со посочената решетка од изјавата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Валандово и забележа дека проблемот е саниран.

 


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password