Со експертска помош од Словенија до поголема искористенот на ЕУ фондовите

Амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец, понуди словенски експертски проектен тим како помош за општина Валандово и други две општини од регионот, со цел поголемо и поефикасно искористување на ЕУ фондовите.

„Нискиот процент на икористеност на ЕУ фондовите е една од најслабите точки на Македонија на патот кон ЕУ поради што произлезе и нашата иницијатива да им се помогне на општините преку формирање на посебен проектен тим. Во првата фаза очекуваме да бидат постигнати договори за заедничка соработка, а веднаш потоа ќе бидат формирани тимовите и утврдени листите на проекти кои ќе треба да се реализираат. Наша цел е да им помогнеме на општините од Македонија да остварат поголема достапност и успешност пред европските програми и фондови што е особено важно по добивањето на препораката од ЕУ за пристапни преговори со Македонија“ нагласи амбасадорот на денешната работна посетна на Гевгелија.

Словенечкиот амбасадор потенцираше дека нивните искуства и резултати во поглед на реализираните проекти од европските фондови се однесувале главно на проекти од прекуграничната соработка.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password