Валандовската Противпожарна единица доби нови возила

Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија продолжува со активностите поврзани со зајакнување на капацитетите за одговор од катастрофи на Единиците на локалната самоуправа.

Во таа насока, денес, на општините Валандово, Куманово, Гевгелија, Битола и Кичево предадени се, на времено користење, 5 возила со вградени пумпи, наменети за гасење пожари.

На истите општини, кои веќе имаат формирано медицински тимови, на времено користење дадени им се 5 санитетски возила, целосно опремени за пружање прва помош.

Дирекцијата, во изминатиот период, возила за гасење пожари има предадено и во општините Велес, Тетово, Штип, Крива Паланка и Кривогаштани.

Во тој контекст, ДЗС и пружа безрезервна поддршка на локалната самоуправа, но истовремено и ја насочува кон самостојно градење капацитети, во согласност со законските надлежности.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password