Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, организираше прием за ученикот Мартин Динев, кој претходниот месец освои златен и сребрен медал на меѓународниот натпревар во Барселона, како и награди на многу државни и балкански натпревари во областа на информатиката, математиката и физиката во претходниот период.
За постигнатите резултати и неговата неоспорна вредност, а воедно и како поттик за понатамошна посветеност на образованието и науката, Мартин Динев, од страна на градоначалникот на општина Валандово, доби честитка за постигнатото, ветување за целосна поддршка од страна на општината во наредниот период и лаптоп, кој му е неопходен за понатамошна едукација.