Вчера во 04.15 часот во с.Пирава се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген“ со струмички регистерски таблици управувано од К.Б.(26) од Струмица и патничко моторно возило “Рено“ со словенечки регистерски таблици управувано од Д.С.(25) со престој во Р.Словенија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле едно девојче на возраст од 13 години и С.В.(44) од Струмица, сопатници од возилото “Фолксваген“, кои што по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Гевгелија биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Со телесни повреди се здобиле и другите сопатници од „фолксвагенот“, Г.И.(46), С.И.(45), А.А.(45), М.А.(23) и А.А. сите од Струмица и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Со телесни повреди се здобила и 17-годишна сопатничка од возилото „Рено“ констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Струмица, по што била пуштена на домашно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Валандово и се работи на целосно расчистување на случајот.