ЈП „Комунален сервис“ – Валандово обезбеди вода за новите градски гробишта

Јавното Претпријатие “Комунален сервис” – Валандово обезбеди водоснабдување на парцелата за новите гробишта во градот. Водата е донесена по природен пат од манастирот „Св.Ѓорѓи“ – линија долга преку 600м. Парцелата која е со површина од 12.400 метри квадратни наскоро ќе добие метална и бетонска ограда. На истата е планирано да се изгради и капела, трпезарија и паркинг простор, со цел да се олеснат потребите на граѓаните.

Овој повеќедецениски проблем конечно ке донесе крај на непријатностите на жителите на оваа општина со кои тие се соочуваа при погребувањето на нивните блиски.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.